Овој Божиќ во кино салите стигнува анимираниот филм за деца “Хуго”, првенчето на режисерот Мартин Скорсезе во светот на 3D технологијата.
Филмот претставува адаптација на детската книга 'The Invention Of Hugo Cabret', а во центарот на приказната е момче без родители кое живее во париската железничка станица и запаѓа во низа магични и мистериозни авантури. Освен возбудливите впечатливи авантури филмот ќе ги стопи срцата на гледачите со емоциите врзни за потрагата на момчето по своето семејство.
А, кога на одличната приказна, визуелните ефекти и режисерското име кое стои зад филмот, ќе ги додадете и имињата на Саша Барон Коен, Џуд Лоу, Бен Кингсли и Кристофер Ли тогаш дефинитивно Божиќ е периодот кој едвај чекаме да дојде.




