[ Почетна , Македонски филмови ] 28 Април, 2012 21:38
Производство

Банана Филм

Земја на потекло

Македонија/Франција/Бугарија

Жанр

Играно-документарна драма

Род

Игран филм

Содржина

 

„Мајки“ е триделен филм кој полека ја гради тензијата која кулминира во последниот, трет дел. Режисерот низ експериментален пристап поврзува два играни дела и еден документарен. Се работи за интересен колаж од три приказни кои тематски се поврзуваат меѓу себе низ сирова „документарна“ фикција и вистински документарен пристап. Две деветгодишни девојчиња пријавуваат манијак во полиција иако воопшто не го виделе. Тројца филмаџии ги среќаваат единствените жители на напуштено село – остарени брат и сестра кои не проговориле меѓу себе 16 години. Пензионирани хигиеничарки се пронајдени силувани и задавени во провинција. „Документарната“ фикција полека се претвора во извонредно реализиран документарец за серискиот убиец – новинарот Владо Таневски од Кичево и за неговите жртви. Филмот ги поставува прашањата за вистината и за природата на вистината, како и за тоа како мајките се поврзани со приказната во сите три дела.

 

 

 

[ Почетна , Македонски филмови ] 28 Април, 2012 21:34

Младиот научен работник Заре Мисевски и неговата сопруга Мира, костимограф во театар, живеат во изнајмена соба како потстанари, постојано изложени на вознемирувања и љубопитност на соседите. Во вакви околности, на Заре му се доделени клучевите на Етнографскиот музеј во Охрид, заради негово средување, што за семејството Мисевски значи бегство во оаза на мир и тишина, за време на трите летни месеци, колку што треба да престојуваат во Охрид. Сакајќи својата радост да ја споделат со пријателите, Заре и Мира, секој за себе, раскажуваат за добиената „премија“. Лето е, Заре и Мира се веќе во Охрид, во музејската зграда. Заре работи на својот проект, а Мира слика и се труди да не му пречи во работата. Но, проблемите почнуваат кога еден ден, на гости им доаѓа колешката на Мира, Дара Љубина, разочарана од неславниот крај на последната љубовна врска. Револтот на Заре сè уште не е стивнат, а во нивниот привремен дом доаѓа Нестор Гиевски, некогашен факултетски професор на Заре, кој патувајќи кон Атина, наминал кај нив на одмор. На новонастанатата ситуација Заре и Мира бргу се привикнуваат, но не за долго. Братот на Мира, со своето друштво, дошол на гости кај сестрата и зетот. Инвазијата на музејот продолжува. Во дворот на музејот стигнуваат стрикото и стрината на Заре и семејството Поп-Коцеви, кои имајќи проблеми со сместувањето, на покана на стрико Тале, дошле во музејот.
Ситуацијата во куќата веќе не може да се контролира, владее општ метеж. Сета оваа бркотница ќе се расчисти дури откако сопругата на Заре, изнервирана и лута, ќе побара мир во хотелот. Гостите конечно сфаќаат дека не можат повеќе да сметаат на толерантноста на домаќините и го напуштаат музејот. Мира се враќа дома, сè е мирно. Заре повторно ќе може на мир да работи, а Мира да слика. Но, не за долго, бидејќи новите гости веќе пристигнуваат... 

 

[ Почетна , Македонски филмови ] 28 Април, 2012 21:27

„Трето полувреме" е патриотски филм за Македонија, за фудбалот, пријателството, борбата против фашизмот и љубовта. Филм за играчите на Иљеш Шпиц, фудбалери од, во тоа време непризнаена нација, водени од припадник на еврејскиот народ кој поради злата идеологија бил на раб на истребување и кои станале шампиони на фудбалската лига на своите окупатори. 


Режија:Дарко Митревски
Сценарио: Дарко Митревски, Гргуј Струјич
Улоги: Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербедџија

 


[ Почетна , Македонски филмови ] 28 Април, 2012 21:08

 За време на Граѓанската војна во Грција, 1946 година, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Поради своите убедувања и етничкото потекло, некои од нив ги совладуваат сите тешкотии, задржувајќи го своето човечко достоинство. Други, пак, не успеваат во тоа, и наместо очекуваниот спас, доживуваат целосен морален пад. Централни личности се Андон Совичанов, Парис и Христос, кои, секој за себе, претставува индивидуална комплексност на самосвоен лик, што е видливо преку страдањата низ кои минуваат и кои ги означуваат разните димензии на човековиот отпор. Голготата започнува со одземањето на оружјето на Македонците од Егејска Македонија, припадници на кралската војска и со нивно депортирање, најпрвин во воен затвор каде што ги сослушуваат, а потоа, натоварени на брод во тешки и сурови услови, ги носат на пуст и карпест остров. На островот нема вода, така што нудењето и поткупувањето со вода е еден од методите за кршење и уривање на достоинството на жедните затвореници, при што од нив се бара да потпишат изјава за лојалност кон кралот и готовност за откажување од Организацијата. Репресалиите продолжуваат со постојани измачувања, тепања и стрелања на секого што, на каков било начин ќе пружи отпор или ќе покаже непослушност. На Денот на независноста на Грција, од затворениците се бара да ја пеат песната на независноста. Затворениците одбиваат, следи мешаница и бунт, кој завршува неуспешно, при што некои залудно гинат. Андон Совичанов плука во командантот и користејќи момент на изненадување, почнува да бега низ беспаќето на островот, гонет од самиот командант лично. Тоа, воедно, е и крај на филмот.