[ Почетна , Странски филмови ] 28 Април, 2012 21:48

Еден од најдобрите филмови некогаш снимени и добитник на 5 оскари на овогодинешниот избор за Оскар

 

[ Почетна , Странски филмови ] 28 Април, 2012 21:45

Овој Божиќ во кино салите стигнува анимираниот филм за деца “Хуго”, првенчето на режисерот Мартин Скорсезе во светот на 3D технологијата. 

Филмот претставува адаптација на детската книга 'The Invention Of Hugo Cabret', а во центарот на приказната е момче без родители кое живее во париската железничка станица и запаѓа во низа магични и мистериозни авантури. Освен возбудливите впечатливи авантури филмот ќе ги стопи срцата на гледачите со емоциите врзни за потрагата на момчето по своето семејство.

А, кога на одличната приказна, визуелните ефекти и режисерското име кое стои зад филмот, ќе ги додадете и имињата на Саша Барон Коен, Џуд Лоу, Бен Кингсли и Кристофер Ли тогаш дефинитивно Божиќ е периодот кој едвај чекаме да дојде.

 

[ Почетна , Странски филмови ] 28 Април, 2012 21:19

Оригинален наслов: The Help

Режија: Tate Taylor (Pretty Ugly People, 2008.)

Улоги: Viola Davis, Emma Stone, Bryce Dallas Howard, Jessica Chastain

Жанр: драма

Година на производство: 2011

Скитер (Ема Стоун) е девојка од Југот која се враќа по завршениот факултет, одлучна да стане писателка. Животите на своите пријатели и животот во малиот Мисисипи ги превртуава наопаку, кога одлучува да ги интервјуира црните жени кои што своите животи ги минале грижејќи се за истакнатите семејства од Југот. Ејбилин (Вајола Дејвис) е куќна помошничка и добра пријателка на Скитер, која на запрепастување на нејзините пријатели, во тесно поврзаната црнечка заедница, се осмелила да проговори прва. Иако нивното долгогодишно пријателство виси во воздух, таа и Ејбилин продолжуваат со соработката на интервјуто, а наскоро доѓаат и други сожителки кои се подготвени да ги раскажат своите приказни.

 

[ Почетна , Странски филмови ] 28 Април, 2012 21:16

Breakfast TV Just Got Interesting

Оригинален наслов: Morning Glory
Сценарио: Aline Brosh McKenna (The Devil Wears Prada, 2006)
Режија: Roger Michell (Notting Hill, 1999)
Улоги: Harrison Ford, Rachel McAdams, Diane Keaton, Patrick Wilson, Jeff Goldblum, John Pankow
Година на производство: 2010
Жанр: комедија
                  
“Утринска слава” е комичен осврт на немилосрдниот свет на телевизијата во живо. Во центарот се наоѓа очајната продуцентка на вести (Рејчел МекАдамс) која се обидува да го намали конфликтот меѓу водителот (Харисон Форд) и неговата легендарната колешка (Дајан Китон) во својот последен напор да ја спаси својата неуспешна утринска емисија.