Производство | Банана Филм |
Земја на потекло | Македонија/Франција/Бугарија |
Жанр | Играно-документарна драма |
Род | Игран филм |
Содржина |
„Мајки“ е триделен филм кој полека ја гради тензијата која кулминира во последниот, трет дел. Режисерот низ експериментален пристап поврзува два играни дела и еден документарен. Се работи за интересен колаж од три приказни кои тематски се поврзуваат меѓу себе низ сирова „документарна“ фикција и вистински документарен пристап. Две деветгодишни девојчиња пријавуваат манијак во полиција иако воопшто не го виделе. Тројца филмаџии ги среќаваат единствените жители на напуштено село – остарени брат и сестра кои не проговориле меѓу себе 16 години. Пензионирани хигиеничарки се пронајдени силувани и задавени во провинција. „Документарната“ фикција полека се претвора во извонредно реализиран документарец за серискиот убиец – новинарот Владо Таневски од Кичево и за неговите жртви. Филмот ги поставува прашањата за вистината и за природата на вистината, како и за тоа како мајките се поврзани со приказната во сите три дела.
|
|




